НЕ НАСЕДНУВАЈТЕ: Се праќаат лажни СМС пораки за наводни казни од „Сејф сити“, еве како да ги препознаете (ФОТО)

Измамниците не губат време, па веќе смислија нов начин за богатење. Овој пак искористувајќи го системот „Безбеден град“. Неколку граѓани се обратија до нашата редакција, добиле СМС порака за сторен сообраќаен прекршок и линк со можност за негова наплата. Но, набрзо сфатиле дека се измамени. Дел, од нив пак, немаат возило регистрирано на нивно име, за воопштво да бидат во системот и евидентирани како евентуални сторители на сообраќаен прекршок. Она што е воочливо во лажната порака која се испраќа е дека во истата НЕ Е наведен бројот на регистерската табличка, како што е во случајот со СМС пораките кои се испраќаат од МВР при евидентиран сообраќаен прекршок. Лажната порака ќе ја препознаете и по името на испраќачот. Во официјалните СМС пораки од „Сејф сити“