Нуркачи спасиле двајца верници кои се фрлиле по крстот во Вардар во Скопје Филип Здравески 20.01.2026 / 15:15 Хроника Нуркачите спасиле двајца верници кои вчера се фрлаа по крстот во водите на реката Вардар во Скопје. Според информациите на МВР, вчера околу 12:30 часот на кеј на реката Вардар во Скопје, при одржување на верска манифестација по повод празникот Водици, П.А. (20) од с. Визбегово, Скопско и Х.П. (27) од с. Сопиште, Скопско, кои учествувале на манифестацијата и влегле во водата, почнале да се дават, по што од нуркачки тимови биле извадени надвор од водата. Двајцата со возила на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Водици Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off