Најлоши можни вести: Заврши сезоната за Џими Батлер

Најлоши можни вести: Заврши сезоната за Џими Батлер НБА 2025/2026 Филип Здравески 20.01.2026 / 15:50 Кошарка Џими Батлер претрпе сериозна повреда на коленото која, според првичните извештаи, му ја заврши сезона со Голден Стејт Вориорс. Напаѓачот на Вориорс ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено за време на победата на неговиот тим над Мајами Хит од 135:112, натпревар кој беше целосно засенет од несреќниот настан на средината од третата четвртина. Батлер се повреди на 7:41 минути до крајот на третата четвртина, судирајќи се со Дејвион Мичел за време на скок-шут, а доскокот му беше незгоден, по што Батлер заврши на паркетот во очигледна болка. Реакцијата беше загрижувачка, а тишината во „Чејс Сентр“ арената јасно укажуваше на сериозноста на ситуацијата. Jimmy Butler III : 17 points on 6-11 shooting, 5-5 from the FT line, 4 assists & 2 steals in 21 minutes (Injured his right knee with 7:41 remaining in the 3rd quarter & didn't return) pic.twitter.com/oPUDuhlw9c — Lee Harvey (@Sayian_Warrior) January 20, 2026 Ветеранот лежеше неколку минути додека неговите соиграчи го опкружуваа, видливо потресени. На крајот, со помош беше кренат на нозе и полека однесен во соблекувалната, не можејќи да се потпре на повредената нога. Кратко потоа, клубот објави дека Батлер е испратен на магнетна резонанца, и наскоро официјално беше исклучен од остатокот од натпреварот. Jimmy Butler could hardly put any weight on his right leg after an awkward fall. Buddy Hield and Gary Payton II (and then Jonathan Kuminga once they got to the bench) helped Butler off the court and to the locker room. pic.twitter.com/t5DWJahVYX — Marc Grandi (@MarcGrandi) January 20, 2026 Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер, изрази загриженост по мечот, велејќи дека атмосферата во соблекувалната била „тивка“ и „тешка“ додека сите ги чекале првите вести за состојбата на еден од клучните играчи на тимот. Неговите соиграчи исто така јасно ставија дознаење колку е тешка ситуацијата за нив, иако Батлер, на својот препознатлив начин, се обидуваше да ја разбие тензијата дури и во тие моменти. Скенирањата го потврдија најлошото сценарио, скинат преден вкрстен лигамент на десното колено, со што практично заврши сезоната за еден од најважните играчи на Вориорс. Особено загрижувачки е фактот што Батлер веќе има историја на проблеми со истото колено, откако претрпе повреда на менискусот во 2018 година и истегнување на медијалниот колатерален лигамент минатата сезона. Повредата, секако, доаѓа во особено незгоден момент за Голден Стејт, кој е во значителен пораст на формата во текот на изминатиот месец. Вориорс победија на 12 од последните 16 натпревари во тој период и започнаа сериозно искачување на табелата, а Батлер беше еден од главните двигатели на таа серија. Во јануари, тој постигна просек од 21,3 поени со исклучително ефикасен шут од поле од 53%, потврдувајќи колку многу значи за овој тим, и офанзивно и дефанзивно. До повредата против Мајами 36-годишниот бек имаше скор од 17 поени, 4 асистенции и 3 скокови, а погоди една тројка од 5 обиди. Џими Батлер Голден Стејт Вориорс НБА Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On