Маск ќе го купува Ryanair за да го смени извршниот директор со кого јавно се испокара Филип Здравески 20.01.2026 / 16:32 Вести Најбогатиот човек во светот, Илон Маск, навести дека би можел да ја купи авиокомпанијата Ryanair по јавната расправија со нејзиниот извршен директор Мајкл О’Лири. На својата платформа X, која ја купи во 2022 година и го промени долгогодишното име во Twitter, навести дека можеби ќе го купи и Ryanair , со анкета во која им даде можност на корисниците да гласаат. „Да го купам Ryanair и да го вратам Рајан на чело“, праша тој, оставајќи ги опциите „Да“ или „Не“ во одговорот. Buy Ryan Air and restore Ryan as their rightful ruler — Elon Musk (@elonmusk) January 19, 2026 Повеќето од корисниците на X кои учествуваа одговорија со „Да“ на ова прашање, а Маск не објасни колку е сериозен во оваа бизнис идеја. Соопштението на Маск доаѓа откако ескалираше јавната расправија меѓу технолошкиот могул и извршниот директор на Ryanair откако меѓусебно се нарекоа „идиоти“ поради употребата на Starlink на Маск во авионите на Ryanair во текот на летото. Всушност, Ryanair одби да го инсталира Starlink во своите авиони, наведувајќи ја високата цена и неефикасноста на потегот за деловниот модел на Ryanair. О’Лири рече дека Маск не бил запознаен со авијацијата и воведувањето на WiFi во авионите, а Маск одговори со барање за негово отпуштање. Илон Маск Ryanair Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On