Сабота е за граѓаните: Отворен ден во Општина Кисела Вода, градоначалничката на средба со жителите

Ден сабота е резервиран за граѓаните во Општина Кисела Вода. Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска од утрово заедно со советници од Град Скопје, во рамки на отворениот ден, остварија средба со околу 50 жители и имаа над 20 телефонски разговори со граѓани. Стаменкоска Трајкоска вели дека нивната заложба е секој што има потреба да биде сослушан. -Преку вакви средби создаваме простор за искрен разговор и заедничко барање решенија што ќе придонесат за поквалитетен живот во општината. Средбите ги организираме во сабота, за да им овозможиме на граѓаните полесно да одвојат време. Ваквиот контакт ни овозможува навремено да ги согледаме предизвиците и ефикасно да постапуваме. Со приемните денови продолжуваме и во наредниот период, со истата енергија и отвореност, вели градоначалничката на Општина Кисела Вода. Свој термин можете да закажете на телефонскиот број 02/2785-401, каде што ќе ги добиете сите информации околу датумот и времето на средбата.