Престиани пред УЕФА: Го нарекол Винисиус педер, а не мајмун уефа лига на шампиони 2025/2026 Филип Здравески 21.02.2026 / 12:56 Фудбал За неколку дена ќе добие епилог инцидентот што се случи на натпреварот меѓу Бенфика и Реал Мадрид во Лигата на шампионите. УЕФА ги анализираше доказите, ги доби изјавите од инволвираните во инцидентот и се очекува да ги соопшти казните. Во центарот на вниманието е играчот на Бенфика, Џанлука Престиани. Тој беше обвинет од страна на Винисиус Жуниор и Килјан Мбапе за расизам. Ѕвездите на Реал тврдат дека Престиани го нарекол Винисисус „мајмун“, додека Агрнтинецот изјави дека му рекол на Бразиелцот дека е „педер“. Според ESPN, Престиани во своето обраќање до УЕФА изјавил дека не употребил расистичка навреда, туку хомофобна, тврдејќи дека употребил навредлив термин за сексуална ориентација, а не расистичка навреда. Сепак, без оглед на формулацијата, дисциплинската рамка е јасна. Член 14 од Дисциплинските прописи на УЕФА предвидува идентичен опсег на казни за навреди врз основа на раса, боја на кожа, етничко потекло, религија, пол или сексуална ориентација. „Секое лице или субјект кој го навредува човечкото достоинство на поединец или група по која било основа, вклучувајќи боја на кожа, раса, религија, етничко потекло, пол или сексуална ориентација, ќе биде суспендиран најмалку 10 натпревари или одреден временски период, или ќе му биде изречена друга соодветна санкција“, се наведува во правилникот. Во пракса, ова значи дека секоја разлика во видот на прекршокот не ја менува сериозноста на дисциплинската постапка – и расистичките и хомофобичните испади подлежат на иста минимална казна. Џанлука Престиани Винисиус УЕФА Лига на шампиони Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро On