ФОТО: Му го запалил БРАБУСОТ на БАКА ПРАСЕ и му испратил порака на ИНСТАГРАМ, ова се деталите

На Јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, му изгоре скапиот автомобил на вода во Белград пред неколку дена. Џипот Брабус гореше пред неговата зграда во луксузна населба, а неговиот автомобил беше запален. Во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи се огласи за случајот и објави дека 23-годишен млад човек е приведен под сомнение за сторување на кривичното дело. Членови на Управата за криминалистичка полиција и Агенцијата за безбедност и информации, во координација со Вишото јавно обвинителство во Белград, го уапсија З. Р. (23) под сомнение за сторено кривично дело обид за изнуда и предизвикување општа опасност. Сега, Јутјуберот Бака Прасе се огласи и на социјалните мрежи и покажа како изгледа осомничениот за запалување на неговиот скап Брабус. Патем, овој дигитален тип ми го запали автомобилот. Повеќе детали вечерва во живо – напиша Бака. Во своето лајв појавување на платформата KICK, Бака Прасе откри дека лицето кое му го запалил БРАБУСОТ има цел да му ги запали сите автомобили, а тоа ќе го направел за смешни 1200 евра, но единствениот автомобил кој се наоѓал надвор на паркингот бил луксузниот џип, останатите возила се наоѓале во гаража. Имено лицето Зоран Ристов пробало да дојде до другите автомобили, но бил спречен од обезбедувањето на зградата, па успеал само да го запали БРАБУСОТ. Но иронијата да биде поголема, Зоран Ристов веднаш по палењето на БРАБУСОТ му пишал на Илиќ, изразувајќи му поддршка, пораката гласела „Само Јако “