Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард денеска ги повика владите на земјите-членки на Европската Унија, економски реформи, кои со години стојат во место, да ги покренат преку таканаречената „коалиција на подготвените“, оценувајќи дека за напредок не е неопходна согласност од сите 27 земји-членки. Во интервју за „Волстрит џурнал“, Лагард истакна дека еврозоната, група од 21 земја што го користат еврото како валута, покажува дека е можна подлабока интеграција и без целосно единство на сите членки на Унијата. „Ги немаме сите 27 на маса, но системот сè уште функционира“, појасни Лагард.