[ФОТО] Ѓорѓиевски и Мицкоски на увид во градежните активности на булеварот „Македонија“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и премиерот Христијан Мицкоски синоќа извршија теренски увид во градежните работи на булеварот „Македонија“ со кој главниот град ќе ја добие својата прва подземна сообраќајница.