Дури ни одличниот Дурeнт не му помогна на Хјустон против Никс

Дури ни одличниот Дурeнт не му помогна на Хјустон против Никс нба 2025/2026 Филип Здравески 22.02.2026 / 09:57 Кошарка Вкупно пет натпревари беа одиграни на НБА терените ноќеска. Најинтересен беше натпреварот помеѓу Њујорк Никс и Хјустон Рокитс, а на крајот Никс славеа со 108:106. Тоа беше 21-ви пораз сезонава за Хјустон, кој сега е на четвртото место во Западната конференција. На гостите не им помогна ниту одличниот Кевин Дурент, кој постигна 30 поени, додаде 6 скокови и 3 асистенции. Карл-Ентони Таунс беше најдобар стрелец кај Никс со 25 поени. Remote video URL Меѓу другите натпревари, вреди да се истакне одличната изведба на Виктор Вембанјама и новиот дабл-дабл настап во победата на Сан Антонио Спарс над Сакраменто Кингс. Конечниот резултат беше убедливи 139:122. Гореспоменатиот Французин постигна 28 поени и имаше 16 скокови. ДеМар ДеРозан беше најдобар за Кингс со 20 поени. Remote video URL Резултати: Њу Орлеанс Пеликанс - Филаделфија 76ерс 126:111 Чикаго Булс - Детроит Пистонс 110:126 Мајами Хит - Мемфис Гризлис 136:120 Сан Антонио Спарс - Сакраменто Кингс 139:122 Њујорк Никс - Хјустон Рокитс 108:106 Табела: Кевин Дурент Виктор Вембанјама Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On