[ФОТО] Трамп објави дека испратил болнички брод на Гренланд, Данска вели дека нема сознанија

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го стави Гренланд во фокусот со објава на Truth Social, тврдејќи дека испраќа голем болнички брод на островот. Тој напиша дека, во соработка со гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, ќе испратат брод „да се грижи за многуте болни луѓе за кои никој не се грижи“.