22 февруари 1980: Чудото на мраз Teaser Media дтбѕнјѕбтфдрсе.jpg Филип Здравески 22.02.2026 / 11:40 Images САД-СССР-ЗОИ-1980 (7).jpg САД-СССР-ЗОИ-1980 (14).jpg САД-СССР-ЗОИ-1980 (1).jpg САД-СССР-ЗОИ-1980 (1).jpeg САД-СССР-ЗОИ-1980 (15).jpg САД-СССР-ЗОИ-1980 (2).jpg САД-СССР-ЗОИ-1980 (8).jpg САД-СССР-ЗОИ-1980 (3).jpg САД-СССР-ЗОИ-1980 (4).jpg САД-СССР-ЗОИ-1980 (6).jpg САД-СССР-ЗОИ-1980 (10).jpg САД-СССР-ЗОИ-1980 (12).jpg САД-СССР-ЗОИ-1980 (16).jpg САД-СССР-ЗОИ-1980 (11).jpg САД-СССР-ЗОИ-1980 (13).jpg САД-СССР-ЗОИ-1980 (5).jpg САД-СССР-ЗОИ-1980 (9).jpg Еден од најголемите шокови во светот на спортот се случил на денешен ден на Зимската олимпијада во 1980 година кога аматерскиот тим на САД го победил главниот фаворит за златото во хокеј, моќната репрезентација на СССР. Тогаш хокеарските велесили САД и Канада на Олимпијадите испраќале репрезентации составени од аматерски играчи од нивните колеџ тимови, додека Советскиот Сојуз бил во најсилниот состав и итал кон своето шесто злато, а петто во низа. Олимпијадата се одржувала во Лејк Пласид во САД, но и покрај тоа СССР биле огромен фаворит со нивните професионални хокеари кои настапувале во силните советски клубови. Пред френетичната 10-илјадна публика Американците извојувале неверојатна победа во драматичен натпревар славејќи со 4:3, оставајќи му го среброто на СССР. Тоа не било финале, туку натпревар од финалната рунда во која биле уште и Финска и Шведска, а Швеѓаните ја земале бронзата. Се играло по принципот секој со секого. Во наредните три олимпијади во Сараево, Калгари и Албервил советските хокеари повторно му се вратиле на златото, но останува натпреварот во Лејк Пласид запишан во историјата како „Чудото на мраз“. Од тоа февруарско попладне таа 1980 година, САД сѐ уште немаат освоено ново злато на ЗОИ во хокеј, иако одамна настапуваат со хокеари од НХЛ. Category Вести Tags на денешен ден хокеј Author/Source Ф.З. Content appears in Metro Off Фотки или галерија