Кејт Мидлтон фотографирана во јавност за прв пат по апсењето на поранешниот принц Ендру

Принцезата Кејт Мидлтон го направи своето прво јавно појавување по апсењето на поранешниот принц Ендру Маунтбатен-Виндзор. Таа го продолжи својот кралски ангажман со присуство на рагби натпреварот помеѓу Англија и Ирска како дел од турнирот Шест нации. Имено, таа присуствуваше на настанот во улога на покровител на Рагби фудбалската унија, националното управно тело за рагби во таа земја. За таа пригода, таа избра син капут што го комбинираше со шал во боите на англиската репрезентација. Косата ја носеше лабава во нежни бранови, со дискретна шминка. Пред почетокот на натпреварот, таа разговараше во ложата со повредениот играч на Англија, Фин Бакстер, и претседателката на RFU, Дебора Грифин. Ова е нејзин прв јавен ангажман откако Ендру Маунтбатен-Виндзор беше уапсен на 19 февруари на имотот Сандрингам под сомнение за несоодветно однесување на јавна функција. Истрагата се однесува на наводите дека тој споделувал доверливи информации со покојниот Џефри Епстин за време на неговиот мандат како трговски претставник на Велика Британија во 2000-тите. Ендру претходно негираше какво било кривично дело во врска со неговата врска со Епстин. Откако помина околу 11 часа во притвор, тој беше пуштен да се брани од слобода додека властите продолжуваат со истрагата. After a difficult week for the Royal Family, Princess Kate was all smiles aT the England vs. Ireland Six Nations Match rugby match in Twickenham, near London, on Saturday. The Princess of Wales, wearing an England rugby scarf with a blue trench, was present in her capacity as pic.twitter.com/s5z9NqoVA9 — HELLO! Canada (@HelloCanada) February 21, 2026 Во моментот на апсењето, принцот и принцезата од Велс престојуваа во имотот Сандрингам, во нивната селска куќа Анмер Хол во Норфолк, каде што го поминуваат училишниот распуст со своите деца. Извори блиски до кралското семејство велат дека принцот Вилијам и принцезата Кејт не планираат да дадат никакви конкретни изјави во врска со апсењето, но ја поддржуваат пораката што ја испрати до јавноста кралот Чарлс III. Во официјално соопштение, кралот рече дека палатата им дава „целосна и безрезервна поддршка и соработка“ на властите, нагласувајќи дека законот мора да си го земе својот тек и дека нема да коментира понатаму за случајот додека трае постапката.