Ако сакате ефикасно да ослабете, престанете со оваа вообичаена навика

Многумина прескокнуваат оброци во обид да ослабат, но нутриционистите предупредуваат дека оваа навика може да има спротивен ефект. Наместо побрзо губење на тежината, може да поттикне прејадување подоцна и лоши одлуки во исхраната. Затоа, експертите советуваат однапред да ги планирате оброците и да вклучите протеини и зеленчук за полесно да одржувате калориски дефицит. Тие исто така нагласуваат дека долгорочната одржливост е клучот за успешно губење на тежината, пишува „Итинг вел“. Тие го издвојуваат прескокнувањето на појадокот како особено проблематична навика. – Кога луѓето го прескокнуваат појадокот, тие имаат поголема веројатност да прават полоши избори на храна во текот на денот, да јадат поголеми порции и да избираат храна со повеќе шеќер – рекла диететичарката Кели Каим. Диететичарката Лејни Јункин додава: „Девет од десет случаи на посетата во кујната доцна навечер се затоа што не сте јаделе доволно за појадок“. Експертите, исто така, предупредуваат за ненадејни флуктуации на шеќерот во крвта. – Прескокнувањето на појадокот или недоволното јадење може да го наруши балансот на шеќерот во крвта, што игра голема улога во губењето на тежината – рекла Јункин. Мала студија на мажи на возраст од 19 до 24 години покажа дека во деновите без појадок, тие имале повисоки скокови на шеќерот во крвта и повисоки нивоа на инсулин по ручекот. Истражувањата, исто така, покажаа дека луѓето со дијабетес тип 2 кои го прескокнуваат појадокот имаат полоша контрола на шеќерот во крвта. За да ви помогнат да ослабете, експертите препорачуваат балансирана исхрана, зголемување на внесот на протеини и додавање повеќе зеленчук во чинијата. Јункин препорачува да јадете 20 до 30 грама протеини и 5 до 10 грама влакна по оброк, заедно со здрави масти. Регистрираната диететичарка Кристи Брисет ја нагласува важноста на планирањето. – Тоа се нарекува посветеност. Си давате ветување себеси и поставувате цели – заклучила таа.