Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. На граничните премини, според информациите од Авто мото сојузот, од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен. Внимателно возење се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Извор МИА