Сали во Украина: Ќе споделува искуства во процесот на европска интеграција

Првиот заменик-претседател на Владата на Република Македонија и министер за европски прашања, Беким Сали, ќе престојува во официјална работна посета на Киев, Украина. Во рамки на посетата, министерот Сали ќе учествува на заедничка комеморативна церемонија во чест на загинатите бранители на Украина, како и ќе оствари повеќе средби со високи претставници на украинските институции задолжени за европската и евроатлантската интеграција. Посетата има за цел продлабочување на билатералната соработка, размена на искуства во процесот на европска интеграција и изразување поддршка за Украина.