Пискотници од СДС: Заев и Филипче во УПЛАВ ОД ИСКАЗОТ НА ГРУБИ, удрија по ДУИ и Ахмети!!!

СДС удри по довчерашниот парнер. Дека „враќањето“ на Артан Груби кој утрото е уапсен на Блаце создаде паника во редовите на СДС најдобро сведочи нивното денешно соопштение, во кое не „меѓу редови“ туку директно најавија дека Груби ќе го вади валканиот веш на владите на Заев и Ковачевски. Не можете никако поинаку да го толкувате ова соопштение преполно со уплав од она што Артан ќе го „рекне“ за јавната тајна на криминогените влади од 2017-та до 2024-та. Еве го лелекот на СДС, Заев и чуварот Венко: „ Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. На овој начин ВМРО со поддршка од ДУИ сака да го покрие најголемиот нарко-скандал со 5 тони дрога кој води до врвот на Владата на Мицкоски ( очебијни нус-ефекти од иљачот на Јон Шмрчко ). Copy-paste по рецепт на Вучиќ, кој секогаш кога е во пад највува некое апсење. Затоа им е потребен Артан Груби. Целта е повторно да се поврзе СДСМ со ДУИ. Како што се поврзуваше кампањата со марихуаната од Струмица, како што имавме можност да видиме и со оваа најава на Жан, со купишта натписи пред неколку недели за наводна поврзаност меѓу СДСМ и ДУИ. Како неманиту една камера од 65 илјади за 5 тони дрога, а има камери за Груби? Ова нема да помине. Секој што го прекршил законот ќе одговара “, се вели во дел од УРНЕБЕСНОТО соопштение на СДС, во кое точно е само тоа дека „ Секој што го прекршил законот ќе одговара“, индоилентен наратив срочен по налог на Венко и Заев. Што ли ќе признае Артан за пајташите од СДС, вреди да почекаме. Најавата од Бихаќка со пројавениот уплав е доказ дека пердуви ќе летаат, на сите страни. Препорачуваме, да им се земат пасошите на ликови од врхушката, не е на одмет... Инфантилниот СДС наратив со 5-те тони дрога е објаснет одамна, Србија контролира што влегува таму, не Макеодонија, така функционира ONE STOP системот, нешто што само СДС не го знаат, па служи за ступиден дефокус. Набавете многу пуканки, по синот на екс претседател на СДС вмешан во 40 тони марихуана, Груби ќе каже нешто уште поинтересно.   Туку, зошто Зоки, братото и братучедот не се во Македонија? Онака, за ДРУГАРЧЕ прашуваме.   https://www.dailymotion.com/video/x7soqer