Трет ден од новите протестите на иранските универзитети

Протестите на универзитетите во Иран против авторитарниот исламски систем на владеење во земјата продолжија и денеска, трет ден по ред, јави ДПА. На Универзитетот Ал-Захра во главниот град Техеран, кој прима само жени, протестираа студентките, објавија ирански активисти на Телеграм. Демонстрации се одржаа и на познатиот Технолошки универзитет Шариф и Технолошкиот универзитет Амиркабир во Техеран. на видеата на социјалните медиуми се гледаат студентки како скандираат протестни слогани против политичкото раководство. „Смрт за Исламската Република“, се слушаше во едно од видеата. -Ниту Газа, ниту Либан, мојот живот за Иран, скандираше толпата во друга снимка објавена од студентскиот билтен Амиркабир, осврнувајќи се на контроверзната поддршка на иранското раководство за милитантните групи во регионот како што се Хамас и Хезболах, пренесува германската агенција Новиот семестар на бројните универзитети во Иран во саботата започна со задоцнување од нешто повеќе од еден месец. Универзитетите првично ги прекинаа своите активности по масовните протести на почетокот на јануари. Властите го исклучија глобалниот пристап до интернет во земјата повеќе од три недели. Последователно, некои универзитети ја продолжија наставата со онлајн настани. Иранскиот безбедносен апарат брутално ги потисна неодамнешните масовни протести во земјата. Според агенцијата на американските активисти за човекови права во Иран (HRANA), повеќе од 7.000 луѓе ги загубија животите, вклучувајќи над 200 припадници на државните сили. Демонстрациите, потсетува ДПА, првично предизвикани од огромната економска криза, беа најжестоките во последниве години.