Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја обвини Русија дека достигнала „најдлабоко ниво на варварство“ во пресрет на четвртата годишнина од руската инвазија на Украина, објавија француските медиуми, цитирајќи го од настан во Берлин организиран за поддршка на Украина. Мерц, исто така, рече дека „Русија не ја добива оваа војна“. Москва „сака да веруваме во тоа, но фактите се сосема различни“, рече тој. Отпорот на Украина на руските напади е поефикасен отколку што често се верува, нагласи германскиот канцелар, наведувајќи ги изненадувачките успеси на силите на Киев во последно време. „Во февруари видовме зачудувачки територијални придобивки од украинските одбранбени сили, а руската економија се распаѓа под тежината на санкциите и воените дејствија - повеќе отколку што понекогаш можеме да заклучиме од нашите сопствени медиуми тука“, рече Мерц.