Јулија е ловец на хакери на „dark web“: Ги открива мрачните страни на интернетот! „Ниту криминалците веќе не си веруваат меѓу себе“

Проценките се дека само минатата година вредноста на трансакциите на „dark web“, односно делот од интернетот кој не е достапен преку обичните пребарувачи, изнесувала најмалку 3,2 милијарди долари. Денешната интернет заедница е простор во кој нема доверба, мора внимателно да проверувате што правите, како и каде ги објавувате своите податоци, бидејќи сè може да се искористи против вас, а тоа важи и за сајбер-криминалците, кои можат да бидат фатени и да завршат во затвор, вели шефицата на службата за дигитален отпечаток во компанијата „Kaspersky“, Јулија Новикова.