Во Струмица на „Чист понеделник“ со бел грав означен почетокот на Велигденскиот пост

На „Чист понеделник“, кој се одбележува во рамките на карневалските празнувања во Струмица, со делење и консумирање бел грав, којшто се подготви на Градскиот плоштад, беше означен почетокот на Велигденскиот пост. Пред делењето гравот беше благословен од свештеници од Струмичката епархија, а градоначалникот Петар Јанков со соработниците прв го вкуси белиот грав. Одбележувањето на Чист понеделник беше збогатено со настапот на играорците од КУД „Фолклорна низа“ од Струмица. Оваа традиција има долги корени во Струмица и низ чаршијата и во домовите на струмичани се подготвува бел посен грав. (МИА)