Еден меч без публика и казна од 5 илјади евра за Вардар поради националистичко скандирање

Еден меч без публика и казна од 5 илјади евра за Вардар поради националистичко скандирање 1.МФЛ 2025/2026 Филип Здравески 23.02.2026 / 15:25 Фудбал Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија денеска одржа вонредна седница поради настаните на прволигашките и второлигашките терени изминатиов викенд. Комити на натпреварот Вардар - Башкими; Фото: 24фудбал Поради слаба организација на натпреварот Вардар - Башкими, навредливо и националистичко скандирање од страна на навивачката група на Вардар, Комити, и користење на недозволени пиротехнички средства, клубот ФК Вардар Скопје е казнет со забрана за присуство на публика на 1 натпревар и парична казна во износ од 5.000 евра, информираше ФФМ. Следниот домашен меч на Вардар е четвртфиналниот куп дуел против Охрид Лихнидос, кој ќе се игра утре (вторник) на теренот број 2 од Тренинг-центарот „Петар Милошевски“ на ФФМ, од 14 часот. Согласно денешната одлука, овој дуел ќе биде без присуство на публика. Доколу Комисијата донесеше повисока казна, Вардар ќе играше без публика и на дербито против Шкендија од 21. коло, кое е закажано за 5 март. „Дисциплинската комисија констатира дека одлуката на делегатот на натпреварот за изрекување опомена поради националистички скандирања е исправна, како и одлуката на судијата за привремен прекин на натпреварот“, стои во објаснувањето. Во однос на овој натпревар, нема одлука за плукањето на играчот на Башкими, Реџеп Мурати, кон главниот судија Бењамин Ќерими, за што играчот доби црвен картон. Дисциплинската комиусија информира и дека е отвора постапка против делегатот на натпреварот Шкендија 77 - Преспа, Цане Будимов, поради недоставување на релевантни факти во врска со ситуацијата околу поставувањето на државното знаме на стадионот, како и други околности поврзани со организацијата и текот на натпреварот, односно присуство на неслужбени лица на теренот за време на натпреварот. „Дисциплинската комисија ќе постапува согласно важечките прописи и по целосно утврдување на фактичката состојба ќе донесе соодветна одлука.“ 1.МФЛ ФК Вардар Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро Off