Од полноќ поскапуваат и бензините и дизелот

Од полноќ поскапуваат и бензините и дизелот Филип Здравески 23.02.2026 / 15:33 Македонија Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,24% во однос на одлуката од 16 февруари. Од 24 февруари од 0:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: моторен бензин Еуросупер БС-95 – 73,50 ден/л моторен бензин Еуросупер БС-98 – 75,50 ден/л дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) – 69,00 ден/л масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 68,00 ден/л мазут М-1 НС – 34,520 ден/кг Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари/литар. Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар/литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,637 денари/килограм и сега ќе изнесува 34,520 денари/килограм. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,380%, кај дизелот за 2,624%, кај екстра лесното масло за 2,351% и кај мазутот зголемувањето е за 2,274%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,4252%. цена на горива Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро On