Избрана најдобрата плажа во Европа за 2026 година

Избрана најдобрата плажа во Европа за 2026 година Александра Спасеска 23.02.2026 / 15:33 Живот Има песок во боја на шеќерна волна, кристално чиста вода и повеќе оценки „над очекувањата“ од која било друга плажа. Од ветровитите брегови на Ирска до рајските златни плажи на јужна Шпанија, европските плажи нудат огромен избор и разновидност. Сепак, една дестинација постојано се рангира на врвот на листата на најубави плажи во Европа. Благодарение на постојано високите оцени на Tripadvisor, таа беше прогласена за овогодишен победник на наградата Travellers' Choice („Избор на патниците“). Тоа е плажата Елафониси на Крит. Сместена во југозападниот дел од островот, оваа плажа е позната по својот бајковит изглед, каде што тиркизното море ги заплискува широките брегови со мек розов песок. Феноменот е предизвикан од згмечените школки и таложењето на црвено-пигментирани микроорганизми од коралните гребени, кои плимата ги носи и ги меша со белиот песок. View this post on Instagram A post shared by Angelique Boone (@angeliqueboone) Препорачуваме да ја посетите вон шпицот на сезоната, бидејќи гласот за убавината на оваа плажа веќе се прошири. Елафониси всушност беше прогласена за најдобра плажа не само во Европа, туку и во светот во 2025 година. View this post on Instagram A post shared by Elafonisi beach Crete (@elafonisi_beach) 10-те најдобри плажи во Европа, според Tripadvisor: Елафониси, Крит, Грција Лагуната Балос, Крит, Грција Праја да Фалесија, Охос де Агуа, Португалија Ла Пелоса, Сардинија, Италија Фаласарна, Крит, Грција Плаја Де Муро, Мајорка, Шпанија Палеокастрица, Крф, Грција Спјаџа деи Кониљи, Лампедуза, Италија Плаја де Маспаломас, Гран Канарија, Шпанија Плаж де Паломбаџа, Порто-Векио, Франција плажа туризам патување Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On