По 144 години од почетокот на изградбата Саграда Фамилија ја достигна конечната висина Филип Здравески 23.02.2026 / 16:54 Архитектура По речиси од еден и пол век изградба, базиликата Саграда Фамилија во Барселона конечно ја достигна планираната висина. Ова беше постигнато со поставување на 17-метарски бел крст на врвот на централната кула наречена „Исус Христос“, што означува дека градбата ја достигнала својата предвидена висина и дека целосното завршување на изградбата се очекува во следните десет години. Главниот архитект Жорди Фаули го изрази своето задоволство за време на настанот што многумина со нетрпение го очекуваа. „Денес беше денот што го чекавме. Сè помина добро, многу добро“, рече Фаули. Според планот на каталонскиот архитект Антони Гауди, крстот има четири краци, што овозможува да се препознава од која било насока. Remote video URL Внатрешноста на кулата е сè уште во изградба, додека надворешноста останува под скелиња, кои треба да се отстранат пред големото отворање во јуни, кое ќе ја одбележи 100-годишнината од смртта на Гауди. Кулата „Исус Христос“, која сега се издига 172,5 метри над градот, е една од 18-те кули првично замислени од Гауди. Гауди работел на базиликата од 1883 година до неговата смрт во 1926 година. Папата Лав е поканет да претседава со комеморативната миса и церемонијата на отворање на кулата следното лето. Милиони туристи секоја година го посетуваат овој симбол на Барселона, а приходите од влезниците помагаат во финансирањето на понатамошни градежни работи. Саграда Фамилија Барселона Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On