Грчевски го објави списокот на ракометарки за дуелите со Белгија

Селекторот на женската ракометна репрезентација Кристијан Грчевски го објави поширокиот список на ракометарки за дуелите со Белгија од квалификациите за Европското првенство 2026. На списокот се наоѓаат 35 ракометарки, а 13 настапуваат во странство. Грчевски во текот на оваа недела ќе го објави и скратениот список. Неделата на ЕХФ стартува на 1.март. Првиот дуел македонските ракометарки го играат на гостински терен, додека на 7.март двете репрезентации ќе одиграат дуел во Куманово. Ова се натпревари од 3 и 4.коло, а двете селекции македонската и белгиската се без бодови во групата, зад Германија и Словенија.   (МИА)