Атлетичарот Стефановски со рекорд во седмобој во сала

Македонскиот атлетичар Огнен Стефановски постави нов национален рекорд во дисциплината седмобој во сала. Тој по настапот во седумте дисциплни освои 5.223 бодови во рамки на Националното првенство на Словенија. Со овој резултат тој го подобри сопствениот рекорд. На Балканскиот шампионат што се одржа во Белград македонскиот атлетичар Јован Стојоски во дисциплината 400 метри го освои седмото место со време – 48.13 секунди, додека Брајан Авија во дисциплината скок во далечина го освои 15.то место со должина на најдобриот скок со 6.85 метри. (МИА)