Нова услуга на ЈСП: Онлајн надополнување на картичката

Нова услуга на ЈСП: Онлајн надополнување на картичката Филип Здравески 23.02.2026 / 19:28 Македонија ЈСП воведува нова услуга – онлајн надополнување на картичките за возење. „Отсега можете онлајн да ја надополните вашата картичка со билети и/или износ (средства) директно преку официјална веб-страница skopjebus.mk — без чекање, без редици и без одење до продажно место. Сè што ви треба е телефон или компјутер и неколку минути. Надополнувањето се прави од далечина, брзо и кога вам ви одговара, од удобноста на вашиот дом“, велат од ЈСП. Оттаму додаваат дека со новата услуга се добива онлајн надополнување со билети и/или средства, брза постапка во неколку едноставни чекори, нема редици и нема потреба од физичко присуство, достапно од телефон или компјутер. Како да надополните картичка? * Влезете на skopjebus.mk * Изберете „Надополни картичка“ * Внесете ги потребните податоци за картичката * Одберете дали сакате билети или износ (средства) * Потврдете и завршете ја постапката Пробајте ја новата функционалност на https://skopjebus.mk/mk/app/cards/load . ЈСП Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off