Без вода денеска од 10:15 часот се дел од корисниците лоцирани на улица „Мариовска“ во општина Кисела Вода. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, прекинот е поради дефект во шахта на улица „Мариовска“ 3/3. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санаирање на дефектот.