СДС втор ден во ТРАОР од Груби, си живее во филмот на „распупеното“ судство на Заев

Навиката знае да биде лоша работа во животот. Така е и кај СДС, за кои е најнормално кога си на власт да раководиш со судството и јавното обвинителство, кои мораат да ти бидат на услуга и на „копче“, 24/7. Сведоштва за тоа милион, не Рускоска, не Лиле, не Кадриу, Хајрулахи, Цветановски, судијата Катевеновски и редица други, кои од прва рака видоа,а  дел од нив и осетија на своја кожа како командале и казнувале по судиите и ЈО челниците на забеганата власт од 2017-та до 2024-та. И сега, шу прајме? Епа, СДС се уште мисли дека тоа функсцонира како што функционирало, та му ја префрла истата „топка“ на ВМРО-ДПМНЕ за Груби. Демек, тие го пуштиле во куќен притовр, небаре ова е Заев со телефончето на „жешка линија“ со Јовески и компанија, а со нив на конференциска врска се Кацарска, Катица, Бубевски, Ленче, Фатиме и остатокот од бандата. Статива, оти веќе одамна не е „како до сега“, а грото обвинители и судии и натаму се истите, СДС ориентирани чеда. Значи, според ова - СДС го пушти Груби дома во уплав од она што ќе го каже за нив, та сака преу своите во ЈО и Судството да го одоброволи, да го „подмачка“ за да каже помалку од она што го знае за криминалот на Заев, Ковачевски, Спасовски и Филипче? Ова е сосема логичен след на кажаното во атакот на СДС врз ВМРО-ДПМНЕ, премногу искуство со судски местенки се гледа во исказот на Бихаќка, која предобро знае како работеле со Црпко и Таче. „Одлуката за куќен притвор за Артан Груби е уште една силна потврда за дилог ВМРО-ДУИ. Правната држава е погребана. Сè е однапред договорено и режирано. Прашањето што останува е само што ќе добие сега ДУИ за возврат “ се вели во дел од паничното соопштение на СДС, во кое од Марс се гледа уплавот од фактите кои Артан ќе ги каже, а можеби и веќе ги кажал за актуелната и екс врхушката на шклопоцијата во распад од Бихаќка. Велат, главна занимација на врхушката на СДС од вчера да ти било пакување на куфери и барање светски дестинации во земји коие немаат договор за екстрадиција со Македонија. Завладејал силен молк, никој не сакал да го налути Артан. За чудно чудо, и секогаш расположениот за ФБ статуси Заев замолкнал. Го нема никаде чедото црпнато од нива. Кој знае зошто? Туку, каде е Филипче, чуму не држи прес конференција? И најважно, зошто едното те исто мизерно соопштение за Груби СДС го врти ко расипана лента денеска по десетти пат? Остана ли некој на Бихаќка, или сите фатија штрафта пред Артан да отвори уста? Многу отворени прашања, а одговорот да ти го имал Артан Груби. Ќе им го соопштел НЕЖНО...