Јакимовски пред дуелот со Луксембург: Треба да продолжиме да ја градиме нашата тимска игра, нашата хемија

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Јакимовски, ги сподели своите очекувања за претстојниот натпревар со Луксембург. Јакимовски со вкупно 61 поен беше еден од најдобрите во македонскиот состав на двете средби во се постигнати две победи, прво дома, против Азербејџан, потоа и на гостински терен, против селекцијата на Ирска. - Треба да продолжиме да ја градиме нашата тимска игра, нашата хемија. Со помош на новиот селектор да го поставиме тој систем на игра. Краток е периодот за подготовка, ама мислам дека ќе успееме. Досега не сме играле со Луксембург. Имаат доста добри играчи, Очекувам добар натпревар, а нашиот фокус е само на нас. И да ја подобриме нашата игра како што го направивме тоа во претходниот циклус, изјави Јакимовски. Натпреварот со Луксембург ќе се игра на 26 февруари од 18 часот во салата „Градски парк“ во Скопје.