Бројот на странски лекари кои работат во Германија е повеќе од двојно зголемен во текот на последните 10 години, покажуваат денеска објавените официјални податоци, истакнувајќи ја важноста на миграцијата за здравствениот сектор, јави ДПА. Во 2024 година, 64.000 лекари, што претставува 13 отсто од сите лекари, немале германско државјанство, во споредба со 30.000, или седум отсто во 2014 година, соопшти статистичката служба на земјата, пренесена од германската агенција. Вкупно 121.000 лекари мигранти, вклучувајќи ги и оние кои оттогаш стекнале државјанство, работеле во општа медицина и стоматологија во 2024 година, што претставува речиси 25 отсто од сите лекари. Точно 42 отсто од новите доктори во Германија во земјата престојуваат помалку од 10 години, покажаа податоците на статистичката служба. Германските власти во 2024 година признаа 7.000 медицински дипломи стекнати во странство, од кои 21 отсто од нив ги стекнале Германци кои студирале медицина во странство, пренесува ДПА. Не е невообичаено Германците да се преселат во странство за да стекнат диплома по медицина, бидејќи во земјата важат строги ограничувања за прием. Втората најголема група меѓу признатите странски дипломи се на сириски државјани, пренесува ДПА. (МИА)