Патот кон Теферич затворен за сообраќај

Патот кон Теферич затворен за сообраќај Филип Здравески 24.02.2026 / 13:01 Македонија Патот кон Теферич е затворен за сообраќај, објави на социјалните мрежи градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска. „По денешниот повторен увид на терен со градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски, и извршените стручни анализи, во координација со сите релевантни институции, донесена е одлука за итно затворање на овој патен правец. Ја информираме јавноста дека интензивно се работи на изнаоѓање на најбрзото и најбезбедното техничко решение за трајна санација на оштетувањето.“ Апелира до сите граѓани доследно да ја почитуваат поставената сигнализација и да ги користат алтернативните патни правци сè до целосно отстранување на дефектот. „Посветени сме на изнаоѓање на најбрзо и сигурно решение за враќање на патот во нормална функција. Безбедноста на граѓаните е наш врвен приоритет“, напиша таа. Претходно граѓани алармираа дека повторно се оштетил патот кон Теферич, само пет месеци по неговото реновирање. општина кисела вода Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off