Во 24 часа во полиција пријавени три случаи во кои се инволвирани малолетници Александра Спасеска 24.02.2026 / 14:30 Хроника На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР. Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети. Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР. Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп. Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР. Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон. Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Автор/Извор МАКФАКС Прикажи во метро On