Враќањето на Месечината не може да чека: НАСА објави нов датум за полетување на астронаутите Александра Спасеска 24.02.2026 / 18:16 Вести НАСА ќе може да испрати астронаути на Месечината уште на 6 март, за прв пат по повеќе од половина век. По успешната проба за полнење гориво, официјалните лица велат дека мисијата Artemis II е подготвена за лансирање од вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида. „Сега станува многу сериозно и време е да почнеме да се возбудуваме навистина“, рече Лори Глејз, раководителка на одделот за развој на истражувачки системи на НАСА. Раководителот на програмата Џаред Ајзакмен рече дека тимовите за лансирање постигнале „голем напредок“ помеѓу првиот тест, кој беше нарушен од истекување на водород претходно овој месец, и вториот тест, кој заврши со екстремно мало истекување. Тестот претставува „голем чекор кон враќањето на Америка во лунарната средина“, напиша Ајзакмен на мрежата X. Официјалните лица велат дека сè уште има работа на местото за лансирање, но се уверени дека се подготвени да испратат четири астронаути на мисијата Artemis II на Месечината веќе на 6 март. Лансирањето би се извршило со ракета на Space Launch System. За да останат отворени сите опции, тројца Американци и еден Канаѓанец вечерва влегуваат во задолжителен двонеделен здравствен карантин во Хјустон. Во март, НАСА има само пет дена на располагање за лансирање на екипаж, а следната можност не доаѓа до крајот на април. Шансата за лансирање во февруари беше изгубена кога протекоа опасни количини течен водород за време на првата демонстрација на полнење гориво. Во меѓувреме, техничарите заменија два дихтунзи, што доведе до успешно повторување на тестот. Отстранетите тефлонски заптивки имаа мали гребнатини, но ништо што на прв поглед би го објаснило големото истекување, изјавија официјални лица. Поправките беа успешни и овој пат речиси и да немаше протекување, потврди директорот на лансирањето Чарли Блеквел-Томпсон. Доколку сè оди според планот, астронаутите ќе станат првиот тим што ќе лета на Месечината од мисијата Apollo 17 во 1972 година, со која заврши првото поглавје од американското истражување на Месечината. Пред да донесе конечна одлука за лансирање, тимот очекува уште еден тест за подготвеност за лет. Доколку добие зелено светло, екипажот ќе се врати во Центарот Кенеди на почетокот на март за последното одбројување. Мисијата, која ќе трае речиси 10 дена, се смета за пробен лет со астронаути во ракета висока 98 метри. Следната мисија, Artemis III, е планирана за неколку години и ќе има за цел да слетаат двајца астронаути во близина на јужниот пол на Месечината. мисија на Месечината Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On