За Украина руските тврдења дека сака да набави нуклеарно оружје се „апсурдни“

Украина ги нарече тврдењата на Русија дека сака да набави нуклеарно оружје „апсурдни“, објавија британските медиуми. „ Украина многу пати претходно ги негираше ваквите апсурдни руски тврдења, а ние официјално ги негираме повторно сега. Ја повикуваме меѓународната заедница да ги отфрли и осуди руските валкани информативни бомби“, изјави портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Георги Тихи. Претходно денеска, Службата за надворешно разузнавање на Русија (СВР) ги обвини Велика Британија и Франција дека активно работат на вооружување на Украина со атомска бомба. Нашите непријатели знаат како би можел да заврши нуклеарен напад врз Русија, изјави претседателот Владимир Путин. (МИА)