Хакими на суд ќе се брани од обвинението за силување

Хакими на суд ќе се брани од обвинението за силување Александра Спасеска 24.02.2026 / 18:30 Фудбал Дефанзивецот на ПСЖ Ашраф Хакими вели дека е подготвен да се појави пред судот по обвинението за силување. Дваесет и четиригодишна девојка го обвини Хакими дека ја силувал во неговиот дом во Париз во 2023 година. Тој ги негира овие обвинувања. Јавниот обвинител ја започна прелиминарната истрага во март 2023 година. „Денес, обвинението за силување е доволно за да се оправда судењето. Тоа е неправедно кон оние кои се лажно обвинети, но и кон вистинските жртви. Мирно го чекам судењето, тоа ќе ја изнесе вистината пред јавноста“, напиша Хакими на својот профил на социјалната мрежа X. Ноќта помеѓу 24 и 25 февруари 2023 година, девојката разменила пораки со својата пријателка додека одела кон куќата на Хакими, по еден месец преписка со фудбалерот на Instagram. Како што изјавила, таа го сметала состанокот како можност да го заборави неодамнешното раскинување. Ѝ кажала на својата пријателка дека е нервозна, дека не е сигурна дека сето ова е за неа. Неколку дена подоцна, таа го пријавила Хакими за силување. „Ова судење се базира исклучиво на зборот на жена која ја попречувала истрагата во текот на целиот процес, одбивајќи медицински прегледи и ДНК тестирање, одбивајќи да даде пристап до нејзиниот мобилен телефон и одбивајќи да именува клучен сведок“, изјави Фани Колин, адвокатка на Хаким. Сè уште не е познато кога ќе започне судењето. Ашраф Хакими Автор/Извор МАКФАКС Прикажи во метро On