Јокиќ игра и повреден

Вестите од НБА лигата се дека српскиот репрезентативец Никола Јокиќ игра повреден. Станува збор за повреда на зглобот на левата рака, која е нова и од неговиот клуб информираа откако загубија од Голден Стејт. Сепак информациите се дека тој повредата ја има од дуелот со ЛА Клиперс. Не тој истиот играч, но ако не игра уште еден натпревар нема да биде во конкуренција за индивидуалните награди во НБА лигата. Тоа е притисок поради кој Јокиќ мора да биде во тимот и да помогне колку може бидејќи веќе има пропуштено неколку натпревари, истакна НБА инсајдерот Марк Спирс. Повредата не е сериозна што значи дека и во Денвер е помирно, но сепак тимот има само четири победи на последните десет натпревари. Денвер се наоѓаат на четвртата позиција на Запад со скор од 36 победи и 22 пораза. (МИА)