Политико: Рубио на брифинг за Иран со истакнати американски конгресмени

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска ќе има брифинг за Иран со истакнати американски конгресмени, објави Политико повикувајќи се на два неименувани извора. На брифингот, што ќе се одржи во Белата куќа, ќе присуствуваат лидерите на Претставничкиот дом и Сенатот, како и членови на Одборот за разузнавање на двата дома. Рубио ќе го одржи брифингот неколку часа пред претседателот на САД, Доналд Трамп да го одржи годишниот говор за состојбата на нацијата. Трамп повеќе пати изјави дека на Иран ќе му се случат „лоши работи“ ако Вашингтон и Техеран не постигнат договор за иранската нуклеарна програма. Тој сè уште не донел одлука за напад врз Иран, а Конгресот треба да гласа за резолуција, со која ќе биде одобрен нападот врз Исламската Република. Според неименувани извори на Политико, гласањето ќе биде одложено за следната недела или за подоцна. (МИА)