Македонија гласаше ЗА: Усвоена резолуција која повикува на мир во Украина

Генералното собрание на Обединети нации денеска усвои резолуција, со која се повикува на сеопфатен, праведен и траен мир во Украина. Резолуцијата ја поднесе Украина со повеќе од 45 држави коспонзори, а усвоена е со 107 гласови „за“ меѓу кои и  Македонија, 12 „против“, меѓу кои и Русија, и 51 „воздржани“ меѓу кои и САД. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски на платформата Икс се заблагодари до 107-те земји кои денеска застанаа покрај Украина во одбрана на животот. - Генералното собрание ја усвои нашата резолуција во поддршка на траен мир со јасни повици за целосен прекин на огнот и враќање на нашите луѓе. Ова се соодветни и неопходни чекори и ние ќе продолжиме активно да работиме за постигнување мир со нашите партнери, наведе Зеленски.  (МИА)