Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер Филип Здравески 25.02.2026 / 08:02 Македонија Денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 км/ч). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени. Времето во наредните денови Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро On