УКРАИНА ГО ОТСТАПУВА ЛИТИУМОТ Луѓе на Трамп добија пристап до најголемото богатство

Украина ќе му продаде удел во едно од своите највредни наоѓалишта на литиум на конзорциум поврзан со луѓе блиски до поранешниот американски претседател Доналд Трамп, објави весникот „Њујорк тајмс“. Станува збор за наоѓалиштето „Добра“ во регионот Кировоград, најголемото литиумско богатство во земјата, за кое на тендерот победиле милијардерот Роналд Лаудер, долгогодишен пријател на Трамп, и компанијата „TechMet“. Според условите од договорот, американските партнери ќе добијат приоритетни права за учество во идни украински проекти за експлоатација на стратешки минерални ресурси. Половина од приходите од експлоатацијата на литиумот ќе се слеваат во заеднички американско-украински инвестициски фонд, што укажува на подлабоко економско поврзување меѓу двете земји. Како што наведува „Њујорк тајмс“, украинските власти се обложуваат на таканаречениот „трансакциски“ пристап на Трамп, нудејќи им на американските инвеститори директен пристап до домашните ресурси. Иако реалното производство на литиум од наоѓалиштето „Добра“ не се очекува да започне најмалку во следните 15 години, контролата и потенцијалниот профит веќе делумно се префрлаат на американските партнери. Според анализата, овој потег покажува дека стратегијата за враќање на американските инвестиции во Украина, која ја промовира Трамп, постепено почнува да се реализира.