Арбелоа ја критикува УЕФА пред новиот дуел со Бенфика: Слоганите и убавите транспаренти не се доволни

Арбелоа ја критикува УЕФА пред новиот дуел со Бенфика: Слоганите и убавите транспаренти не се доволни УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2025/2026 ПЛЕЈОФ Филип Здравески 25.02.2026 / 09:11 Фудбал Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа (43), ја повика Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) борбата против расизмот да ја претвори во вистинска акција, а не само да се ограничува на слогани. Овој потег на тренерот на Реал Мадрид доаѓа по обвинувањата за расистички забелешки упатени кон ѕвездата на тимот што го предводи - Винисиус Жуниор. УЕФА го суспендираше играчот од средниот ред на Бенфика, Џанлука Престиани, за вечервашниот реванш натпревар од плејофот на Лигата на шампионите против Реал, откако Винисиус го обвини за расистички навреди за време на првиот натпревар минатата недела. Доколку играчот на лисабонскиот клуб, кој си ја покри устата со дресот за време на расправија со Бразилецот, се докаже дека е виновен по завршувањето на истрагата, тој ќе биде суспендиран на најмалку 10 натпревари. „Имаме одлична можност да направиме пресвртница во борбата против расизмот. УЕФА отсекогаш ја водеше борбата, а сега има можност да ги надмине границите на убавите слогани и транспаренти пред натпреварите. Се надевам дека ќе го искористат ова“, рече Арбелоа. Потсетуваме дека Винисиус Жуниор го постигна победничкиот гол во првиот натпревар, со кој Реал триумфираше со 1:0, но претпоставките за навреди кон него предизвикаа десетминутен прекин на теренот. Арбелоа, исто така, изрази увереност дека Бразилецот ќе обезбеди квалитетен настап во реваншот на стадионот „Сантјаго Бернабеу“ и ќе му помогне на Реал да се пласира во осминафиналето. Натпреварот Реал Мадрид - Бенфика се игра вечерва од 21:00 часот, а директен пренос ќе има на Arena Premium 3. Реал Мадрид УЕФА Лига на шампиони Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On