Салата на Работнички ќе го носи името на Лазар Лечиќ

Салата на Работнички ќе го носи името на Лазар Лечиќ Филип Здравески 25.02.2026 / 11:52 Кошарка Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, објави дека во иднина салата на Работнички, позната како „Градски парк“, ќе го носи името на легендарниот македонски кошаркар и тренер Лазар Лечиќ. Лечиќ, роден во Скопје во јануари 1939 година, целата своја играчка кариера ја минал во дресот на клубот од Дебар Маало, а меѓу другите, Работнички го предводел и како тренер. Почина во август 2024 година на 85-годишна возраст. „Со голема чест ќе предложам пред Советот целосно реконструираната спортска сала на Работнички да го носи името на легендарниот тренер Лазар Лечиќ. Иницијативата доаѓа од ветераните на КК Работнички и спортската јавност, како логично продолжение на традицијата и духот на клубот. Горд сум на тоа како е реализиран овој проект. Денес имаме целосно нова сала – од кров, осветлување и вентилација, до модерен паркет, нови санитарии и уредени канцеларии за спортските федерации. Салата е обновена од корен и подготвена за нови спортски успеси. Во петок не очекува и првиот официјален натпревар, кога македонската кошаркарска репрезентација ќе игра против селекцијата на Луксембург. Продолжуваме да инвестираме во спортот и да оддаваме почит на оние што ја создаваа неговата историја“, соопшти градоначаникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. КК Работнички Општина Центар Горан Герасимовски Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро Off