НОВ ШОК ЗА БАКА ПРАСЕ: Заработи КРИВИЧНА ПРИЈАВА, еве за што е обвинет

Управата за игри на среќа започна постапка против популарниот јутјубер Бакa Прасe поради сомневање дека неовластено организирал наградни игри и делел награди без потребни дозволи. Според информациите на Република.рс, Управата за игри на среќа поднела кривична пријава против познатиот јутјубер Богдан Илиќ, познат како Бакa Прасe, поради сомневање дека организирал наградни игри без законско одобрување и без уплата на потребните надоместоци за распределување на парични и стоковни награди. Бакa Прасe, чиј контент го следат голем број млади, исто така промовирал и платформа за онлајн обложување Вавада, против која како што пишуваат е исто така поднесена кривична пријава до Одделот за високотехнолошки криминал поради сомневање за неовластено организирање игри на среќа преку средства за електронска комуникација.