Денеска и официјално е е отворена манифестацијата „Кичево - Град на културата за 2026 година“ значаен настан претставува почеток на една нова културна ера, исполнета со бројни активности, проекти и настани кои ќе го збогатат културниот живот и ќе го промовираат Кичево како важен културен центар во Република Македонија. Денес официјално е отворена манифестацијата „Кичево - Град на културата за 2026 година“, историски момент за нашиот град и за сите наши сограѓани, објави на совојот Фејсбук профил пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски. -Овој значаен настан претставува почеток на една нова културна ера, исполнета со бројни активности, проекти и настани кои ќе го збогатат културниот живот и ќе го промовираат Кичево како важен културен центар во државата. На свеченото отворање присуствуваше и Министерот за култура, Зоран Љутков, којшто со своето присуство даде силна поддршка на оваа значајна иницијатива и ја истакна важноста на вложувањето во културата како двигател на општествениот развој. Со заеднички сили и посветеност, веруваме дека 2026 година ќе остане запаметена како година на културен подем, креативност и гордост за сите кичевчани, пишува Сајкоски во својата објава.