Педро Паскал и Рафаел Олара фотографирани на прошетка

Педро Паскал и Рафаел Олара фотографирани на прошетка Филип Здравески 25.02.2026 / 13:24 Филм & ТВ Актерот Педро Паскал и поранешниот чилеански фудбалер Рафаел Олара беа фотографирани како шетаат заедно во Лос Анџелес. Во таа прилика, Паскал и Олара беа видени како се гушкаат околу половината и покажуваат посебна блискост. Во еден момент, Педро го бакнал Рафаел на рамото. Паскал и Олара беа фотографирани неколку пати во текот на изминатата недела, и додека шетаа низ Њујорк и во киното, каде што го гледаа филмот Wuthering Heights. EXCLUSIVE: Pedro Pascal was seen getting handsy with pal Rafael Olarra in Los Angeles. Photos: https://t.co/DYd0ovbnog pic.twitter.com/fGvTu4iHhx — TMZ (@TMZ) February 24, 2026 Последната врска на Рафаел беше со актерот Лук Еванс, а го потврдија раскинувањето во 2021 година. Паскал својот љубовен живот го чуваше во тајност и покрај растечката слава. Педро Паскал (50) претходно беше поврзан со Џенифер Анистон, а сè уште не ја потврдил својата романса со Рафаел Олара (47) кој, пак, беше во врска со манекенката Лусила Вит, со која има ќерка. Олара во својата кариера настапуваше како стопер и собра 30 настапи за репрезентацијата на Чиле, постигнувајќи еден гол. Беше дел од тимот на Копа Америка во 1997 и 2004, како и на олимпијатата 2000 во Сиднеј кога Чиле освои бронза. На клупски план играше за домашните Аудакс Италиано, Универсидад де Чиле, Универсидад Католика и Унион Еспањола, во Европа играше за Осасуна и Макабио Хаифа, а нстапуваше уште и за аргентински Индепендиенте. Кариерата ја заврши во 2016 година. Педро Паскал Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On