Заев, експремиер и вмешан во мега аферата со рекет со Филипче за Болницата на Жан Митрев - за што ЈО има отворено истрага, се јави на ФБ од Дубаи и соопшти дека поднел тужби (не тој туку адвокатот Горан Заев, Зоран не е во МК) за клевета и нарушување на чест и углед против Бране Петрушевски и Жан Митрев. Тужбите се поднесени од Горан, не од Зоран до Основен суд Струмица, а вредноста на секоја од нив изнесува 500.000 денари. Според наводите во поднесоците, Заев смета дека со јавни изјави и настапи му биле изнесени невистинити факти со кои navodno се нарушува неговата „чест и углед“. Очекуваме многу коментари на оваа тема. Во едниот предмет, тужбата се однесува на изјави дадени на прес-конференција, а во другиот – на телевизиско гостување, при што, според тужителот со златна виза за Дубаи, изнесените тврдења биле пренесени и од медиуми и интернет-портали. „Не постои никаква дилема дека ќе се докаже лагата и на двајцата“, пишува најверојатно од Дубаи самоуверениот Заев (никој не знае каде е ), повторно по навика од периодот кога беше премиер прејудицирајќи резултат на судски процеси, лоша навика која му останала на ликот кој зборуваше за „распупено судство“ и кој самиот тврди дека е црпнат од нива. Најверојатно лоцирана од атарот на Муртино. Филантропот од екс Муртино, сега од Дубаи (дали и можеби поради чувство на вина од зацрнувањето на десетици фамилии минатитие 7 години?), најави дека евентуалниот надоместок од добиените тужби ќе бил дониран за деца без родители и лица со посебни потреби. Многу хуман човек, мора да се признае. Или се работи за грижа на совест? Во тужбите Зоран преку знаењето на братучедот и адвокат Горан се повикува на одредбите од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, со барање за утврдување наводна одговорност и уште понаводен надомест на нематеријална штета поради повреда на угледот. Се очекува судот да одлучи по поднесените тужби во редовна постапка. Во текстот нема ниту збор околу наводите за вмешателство на семејството во мега-аферата со марихуаната во Македонија. За чудо, не го коментираше ниту враќањето на Груби, ниту стравот од неговиот исказ кој го опседна неговото СДС. се оечкуваат уште многу вакви пројави ан ФБ, но не и во живо, во Македонија уште помалку. П.С. Туку, каде е Заев? Онака, пак за другарче прашуваме...