Бил Гејтс им се извини на вработените во Фондацијата за поврзаноста со Епстин

Бил Гејтс им се извини на вработените во Фондацијата за поврзаноста со Епстин Александра Спасеска 25.02.2026 / 14:55 Свет Бил Гејтс им се извини на вработените во Фондацијата Гејтс за неговата поврзаност со Џефри Епстин. Тој призна дека направил грешки што ја оцрнија добротворната организација, но инсистираше дека немал никаква улога во злосторствата на Епстин, објави The Wall Street Journal . На состанокот одржан вчера, коосновачот на Microsoft призна дека имал две афери со руски жени за кои Епстин подоцна дознал, но нагласи дека тие не ги вклучувале жртвите на Епстин. „Не направив ништо нелегално. Не видов ништо нелегално“, рекол Гејтс, според снимка што ја слушна The Wall Street Journal. „Голема грешка“ Гејтс, исто така, коментираше за фотографиите од неодамна објавените документи на Епстин на кои се гледа како тој е со жени чии лица се заматени. Тој тврди дека Епстин го замолил да се фотографира со неговите асистентки по состаноците. „Да биде јасно, никогаш не поминав време со жртвите, жените во неговиот круг“, рече тој. „Беше огромна грешка да поминам време со Епстин и да го доведам раководството на Фондацијата Гејтс на состаноци со сексуален престапник“, рече тој. „Им се извинувам на сите што беа вклучени во ова за грешката што ја направив“. Милијардерот откри дека неговите средби со Епстин започнале во 2011 година, години откако Епстин се изјасни за виновен во 2008 година за подведување малолетници. Гејтс рече дека знаел за „некаква 18-месечна наредба“ со која на Епстин му се ограничува патувањето, но дека не направил доволно проверки на неговото биографија. Тој продолжил да ги одржува средбите дури и откако неговата тогашна сопруга, Мелинда Френч Гејтс, изрази загриженост во 2013 година. „Со она што го знам сега, тоа е, знаете, стопати полошо, не само поради неговите претходни злосторства, туку сега е јасно дека ова бил континуиран модел на лошо однесување“, им рекол Гејтс на вработените. „Не го посетив островот“ За неговата поранешна сопруга тој додаде: „Морам да ѝ оддам признание, таа секогаш беше доста сомничава за целата работа со Епстин“. Гејтс вчера им кажал на вработените дека продолжил да се среќава со Епстин до 2014 година, летајќи со него со приватен авион и поминувајќи време во Германија, Франција, Њујорк и Вашингтон. „Никогаш не спиев кај него“, рече тој, ниту пак го посетил островот на Епстин. Рекол дека Епстин „зборувал за своите блиски односи со многу милијардери, особено милијардери од Волстрит“ и го уверил дека може да помогне во собирањето пари за каузи како што е глобалното здравје. Гејтс додаде дека присуството на други истакнати луѓе на состаноците придонело за „чувство на нормалност“. Оштетен углед Тој призна дека неговата поврзаност со Епстин му помогнала на самиот сексуален престапник да го поправи својот углед. Гејтс призна дека неговите врски со Епстин и неодамна објавените е-пораки од документите на Министерството за правда фрлиле сенка врз Фондацијата Гејтс и нејзиниот углед. „Тоа е целосно неконзистентно со вредностите и целите на Фондацијата“, рече тој. „А нашата работа е многу чувствителна на угледот. Луѓето можат да изберат дали да работат со нас или не“. Портпарол на Фондацијата Гејтс рече дека Гејтс одржува вакви состаноци со вработените двапати годишно и дека „зборувал искрено, одговарал на неколку прашања детално и ја презел одговорноста за своите постапки“. Бил Гејтс Џефри Епстин Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On