Алекса Балашевиќ, синот на легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ, на Инстаграм објави емотивна порака посветена на сопругата Николина. Покрај фотографија направена на улиците во Шангај, тој напиша текст полн со емоции со кој најпрво навести, а потоа и директно потврди дека нивното семејство ќе се прошири. „Некои луѓе до крајот на животот остануваат само луѓе, а некои доживуваат да станат нечии завет. Завет без кој на некого ни Стариот ни Новиот завет не му значат ништо. Благодарение на оваа личност од фотографијата, мојата лоза продолжува, не сум повеќе Омега … За приближно два месеци ни пристигнува син … Братчето на Вера, кое долго го чекаме … Колку само може да биде неопислива среќата за некој како мене, Бог да испрати уште еден ангел со моите гени … Би го разбрал и да штеди, но не се бунам што ме задолжува уште повеќе … Со мирис на небо … Со тебе, со вас … Како што би рекол некој мој најголем, некој наш најдобар, исто така од небото, не сум веќе в.д. Балашевиќ, сега сум Балашевиќ во оставка, за неколку месеци мандатот му го предавам на наследникот“, напиша Алекса. View this post on Instagram A post shared by Aleksa Balašević (@balasevicaleksa) Нивната ќерка Вера, родена во август 2022 година, со нетрпение го очекува малиот брат. Следбениците веднаш ја преплавија објавата со честитки и убави зборови, нагласувајќи дека и Ѓорѓе сигурно би бил неизмерно горд. Оваа радосна вест доаѓа во период на значајни професионални успеси за Алекса. Неговиот дебитантски филм „Мегдан: Меѓу вода и оган“, каде што се потпишува како сценарист и продуцент, доживеа одличен прием во регионалните кина кон крајот на 2024 година, а подоцна стана достапен и на стриминг платформите како Ејч-би-о и Амазаон. И покрај професионалниот ангажман, Алекса често истакнува дека семејството и духовните вредности му се на прво место. Со Николина и ќерката Вера живее на релација Нови Сад – Марибор, а на социјалните мрежи редовно споделува моменти од приватниот живот.